Наместо со квалитет, кошаркарскиот меч од Првата македонска лига меѓу Струмица и Лирија го привлече вниманието на јавноста со инцидент, во кој имаше многу елементи на улична тепачка.
Директен виновник е потенцијалниот македонски репрезентативец Бојан Трајковски од Лирија и ударот со глава во брадата на противничкиот играч Зоран Стојановски. Непримерен потег за кошаркар што има настапи и за репрезентацијата, без разлика дали евентуално бил испровоциран, момент што не се гледа на снимката на ТВ „Вис“. Но, потоа сѐ е очигледно, особено дивјачкиот потег на Трајковски и ударот со глава во брадата на Стојановски. Зовреа страстите, но натпреварот, сепак, заврши, и тоа со победа на гостите од Скопје со 83-67.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)