Францускиот министер за надворешни работи, Лоран Фабиус, оцени дека за убиството на двајцата новинари на француското меѓународно радио на 2 ноември во Мали, „веројатно“ е одговорна организацијата Ал Каеда на Исламскиот Магреб (АКМИ), пренесе МИА.
– Ние во моментов проверуваме, но тоа ми изгледа најверојатно бидејќи и претходните тврдење на АКМИ беа објавени на ист начин – додава Фабиус.
АКМИ вчера презеде одговорност за убиството на Жислен Дипон и Клод Верлон како одговор на злосторствата кои ги направи Франција против жителите на Мали. Фабиус мисли дека дефектот на автомобилот во кој се наоѓале грабнатите новинари може да биде причина за нивното убивање од страна на грабнувачите.
Шефот на француската дипломатија ја отфрли хипотезата дека новинарите биле убиени од страна на француската армија која се обидувала да ги спаси.
– Немаше контакт, ниту визуелен ниту вооружен, меѓу француските хеликоптери и грабнувачите – рече Фабиус. Тој понатаму ја потврди изјавата на портпаролот на француската армија, полковникот Жил Жарон, од 3 ноември дека грабнувачите биле следени од француските војници, но не успеале да ги стигнат.
Францускиот министер за надворешни работи предупреди на опасностите во регионот на Сахел, посебно за новинарите.
– Кога се грабнува еден новинар, прво се убива едно човечко суштество, а потоа слободата. Порано, новинарите беа заштитетни на фронтот, сега тие се цел. Секој треба да биде солидарен со новинарите – заврши Фабиус.
Тој инфромира дека за француски новинари киднапирани во јуни во Сирија – Дидие Франсоа, Едуар Елиас, Никола Хенан и Пјер Торес, неодамна биле добиени потврди дека сѐ уште се живи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


