Англискиот репрезентативец Арон Рамзи го постигна победничкиот гол за Арсенал против Борусија Дортмунд, а сезонава 22-годишниот „топчија“ не знае да утне. Веќе постигна 13 гола, три пати повеќе од целата ланска година. Дел од погодоците се суператрактивни, со посебен шмек. Интересна е и приказната за Рамзи, фатална за неколкумина личности од селебрити заедницата.
Кога Арон ќе постигнеше гол за Арсенал, во краток период потоа починаа или беа егзекутирани Осама бин Ладен, Моамер Гадафи, Стив Џобс, Ејми Вајнхаус и Витни Хјустон. Приказната долг период беше во фокусот, но сега е поинаку. Рамзи немилосрдно ги тресе противничките мрежи и, за среќа, никој не умира по неговите погодоци. Вчера играчот од средниот ред со гол во 62. минута ги урна надежите на „жолтиот ѕид“, што на трибините на стадионот во Дортмунд го прават верните навивачи на Борусија. Арсенал со голот на Арон ги победи „милионерите“ со 1-0 и моментно е лидер во групата Ф од Лигата на шампионите со 9 бода, колку што има и Наполи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)