| четврток, 6 декември 2018 |

Коста: Заслуживме да продолжиме понатаму (видео)

Најдобриот фудбалер на Атлетико Мадрид, Диего Коста, е воодушевен од тоа што неговата екипа помина во наредната рунда од Лигата на шампионите.

Атлетико синоќа ја победи Австрија Виена со убедливи 4-0 и дојдоа до 12 бода и пласман во следното коло.

– Знаевме дека можеме да дојдеме до важна победа. Играме одлично од почетокот на сезоната и заслуживме да се пласираме во осминафиналето – изјави Коста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top