Се враќа со нова енергија, нова екипа, нови идеи, но Ламбе Алабакоски планира неговата музика да остане онаа препознатлива за него и можеби со малку балкански призвук. Продолжетокот на неговата кариера по кратката пауза го остава во рацете на Кристијан Стефановски и „План Б“ продукција, за кои вели дека е тим со млади луѓе, ентузијасти, амбициозни, кои гледаат повеќе да остават на сцената отколку да соберат. На „М2“ пак, гледа како на успешно завршена приказна.
Покрај новата песна и видеоспот за неа, Ламбе го очекуваат многу настапи меѓу кои и оној на „Скопскиот фестивал“ како и големиот концерт на Џибони. Не го крие задоволството што ќе пее на концертот на оваа балканска ѕвезда, но сепак, желбата на талентираното момче од Љубојно е да запее на сцена со Здравко Чолиќ.
Ламбе тврди дека му е супер и дека бракот е нешто што го посакувал.
Разговараше:Марина Костовска
Видео: Дејан Станчевски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)