Македонија и Албанија имаат добри билатерални односи и обострана желба тие да се унапредуваат особено во делот на економската сфера, во интерес на двете земји и целиот регион, оценија македонскиот и албанскиот премиер, Никола Груевски и Еди Рама, по денешната средба во Скопје.
– Македонија останува проактивно ангажирана за унапредување на добрососедските односи и регионалната соработка. Веруваме дека сите предизвици може да бидат надминати со конструктувна политика во духот на европската соработка и духот на доброседството, а врз основа на принципите на почитување на суверинетитетот, територијалниот интегритет и мирно решавање на предизвиците во отворен дијалог – истакна Груевски.
Заемно било оценето дека постои континуитет на политичкиот дијалог, меѓусебно почитување и доверба и добра соработка на регионален план. На средбата акцент бил ставен на потребата од интензивирање и унапредување на економската соработка во патната и железничката инфраструктура, како и од повеќе проекти од областа на енергетското поврзување.
Премиерот на Република Албанија истакна дека односите со Македонија имаат посебно значење за нив, исто како и територијалниот интегритет на Македонија, кој е од есенцијално значење за доброто движење на целиот регион кон Европската унија.
– Албанија е заинтересирана за интензивни односи со соседите во случајот со Македонија во сите области. Подготвени сме за да отвориме нови патеки на соработка да ја зајакнеме економската соработка со конкретни идеи и проекти за заеднички развој – рече Рама.
Албанскиот премиер престојува во посета на Македонија на покана на македонскиот премиер Никола Груевски. Покрај со својот колега, тој треба да се сретне и со претседателот Ѓорге Иванов, со претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, и со лидерите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)