Операторите во мобилната и фиксната телефонија „Албафон“, „T-Мобиле“ и „T-хоум“ ги надминале проблемите со воспоставувањето контакт меѓу нивните корисници, потпишувајќи договор за интерконекција. По надминување на сите тешкотии и пречки, броевите од „Зборувај албански“ можат слободно и без никакви опструкции да се повикуваат од страна на корисниците на операторите „Т-мобиле“ и „Т-хоум“.
Неофицијално, „Република“ на албански јазик дознава дека има напредок во преговорите меѓу операторите „Aлбафон“ и „Вип“, но формализирање на договорот ќе се направи по една недела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.