| четврток, 6 декември 2018 |

Ги намали градите за да напредува во тенисот

Приказната на Симон Халеп е веројатно најпозитивната приказна во светот на тенисот. Романската тенисерка во 2009 година одлучи да оди на операција за намалување на градите и од тогаш напредуваше за 500 места на листата на ВТА.

Најголемото достигнување го доживеа оваа година против најдобрата тенисерка на светот Серена Вилијамс.

22-годишната тенисерка оваа недела го освои шестиот турнир  на ВТА во нејзината кариера.

Моментално се наоѓа на 11. позиција, а за да влезе меѓу најдобрите десет, ќе мора да почека до наредната сезона.

Напредокот на Симон почна во 2009 година веднаш по операцијата за намалување на градите. По бројните писма и апелите на навивачите таа го направи потегот кој ѝ ја смени кариерата.

– Имав сѐ поголеми проблеми во секојдневниот живот, тежината на градите ми пречеше и се чувствував лошо додека играв. Имав и здравствени проблеми, почнаа да ми се појавуваат болки во грбот – изјави Халеп и додаде дека операцијата би ја направила и доколку не играла тенис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top