Македонскиот фудбалски репрезентативец Горан Пандев тужи италијанска туристичка агенција, која го оштетила за 6.300 евра со злоупотреба на неговата кредитна картичка за плаќање патувања на други лица без негово знаење, пишува весникот „Ил Месаџеро“.
Засега е осомничена само една жена за крадењето на македонскиот фудбалски репрезентативец во периодот од 2004 до 2009 година, кога тој играше за Лацио.
Таа имала увид во кодовите на кредитната картичка на Пандев, со која се платени неколку авионски билети до Париз, до Милано, до Франкфурт, до Амстердам и до Глазгов. Случајот го открила банката што му ја издала картичката на напаѓачот на Наполи, која забележала кусок на неговата банкарска сметка и чудна низа од исплати, па го информирала за тоа, а тој, откако се уверил дека бил измамен, решил да покрене тужба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.