| четврток, 6 декември 2018 |

Шовковски како почетник, прими сличен гол како голманот на Саутемптон (видео)

Искусниот голман на Динамо Киев и поранешен репрезентативец на Украина, Олександер Шовковски прими неверојатен гол, откако реагираше како почетник на дуелот против Зорија. Одбранбениот играч на домашните Билиј испрати долга топка од пред својот шеснаесетник, а Шовковски во обид да избие со глава го промаши фудбалот, па на стрелецот на вториот гол Боли не му беше тешко да ја погоди празната мрежа на Динамо Киев. Фаворитот загуби со 0-2, а Шовковски непотребно направи несериозна авантура и беше казнет со погодок.

Претходно Данило погоди во деветтата минута за предност на Зорија од 1-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top