Во Косово денеска се одржуваат локални избори, на кои учествуваат 103 изборни листи, утврдени од Централната изборна комисија, со вкупно 7.932 кандидати за советници.
ЦИК го потврди и избирачкиот список, според кој право на глас имаат 1.779.357 граѓани кои ќе избирааат советници и градоначалници во 39 општини.
Во споредба со претходните локални избори, бројот на лица со право на глас е зголемен за 11,72 проценти.
Од вкупно потврдените 103 изборни листи, 38 се албански, 33 српски, а останатите се листи на независни кандидати, како и на Бошњаци, Турци, Роми, Црногорци, Хрвати, Горанци и Ашкалии.
Изборите ќе ги следат локални и меѓународни набљудувачи. За безбедоста на изборите се задолжени 5.500 косовски полицајци, а ќе бидат ангажирани и меѓународните мисии ЕУЛЕКС и КФОР.
Првите прелиминарни резултати од денешното гласање се очекуваат утре, а официјални најдоцна до 6 ноември.
Во вториот изборен круг, кој ќе се одржи на 1 декември, во општините каде ниту еден кандидат не ја освоил довербата на повеќе од 50 проценти на гласачите, ќе се гласа само за двајцата првопласирани, кои во првиот круг добиле најмногу гласови и со тоа добиле право да ја продолжат трката за градоначалник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации


