| четврток, 6 декември 2018 |

Јавниот обвинител проговори за Ликвидација

Marko-Zvrlevski

Казната од 4 и пол години затвор за новинарот Кежаровски според Јавниот Обвинител Зврлевски е минимална. Иако според законот можел да добие и само условна казна.

Прв пат за случајот Ликвидација денеска се слушна ставот на Обвинителството. Казната од 4 и пол години затвор за новинарот Кежаровски според Јавниот Обвинител Зврлевски е минимална. Иако според законот можел да добие и само условна казна.

– За да една казна биде условена треба да се применат мерки за вонредно ублажување на казната, треба да постојат олеснителни околности. Судот можел доколку нашол да дојде до казна затвор од две години и тогаш согласно законот можело да биде изречена условна казна – објаснува Јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Зврлевски објаснува и зошто Кежаровски не е уапсен пред 5 години, во време кога го сторил делото за кое го товарат. Тој во 2008 ги објавил текстовите во весникот Репортер 92 за заштитениот сведок Бреза. Зошто се чекало толку време?

– Од моментот на написот во весникот се уште трае постапката Ореше. Значи доколку и ние би повеле постапка, иако ние интерно сме работеле на откривање на начинот на добивање на податоците и на лицата кои тоа го направиле, не сме можеле да си влеземе во таква постапка зошто самите би си го откриле заштитениот сведок – вели Зврлевски.

Министерот за правда одбегна да даде конкретен одговор зошто не ја прифати иницијативата на ЗНМ за аболиција на новинарот. Ќе ја чекал одлуката на апелација. Барање за аболиција беше доставено и до премиерот, но ниту едно не стаса до Претседателот Иванов кој го има последниот збор.

– Кога ќе дојде иницијативата, имаме ние во Кабинетот комисија која ги разгледува сите прашања и ако донесе одлука јас ќе ја прифатам, во согласност со ставовите кои што ќе дојдат од Министерството за правда – вели Претседателот Ѓорѓи Иванов.

Пресудата за Ликвидација беше донесена пред 10 дена, но Судот се уште не им ја доставил на обвинетите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top