Најстариот син на Пирс Броснан, Шон, се сврши со својата долгогодишна девојка Сања Баниќ, со потекло од Босна и Херцеговина.
Самиот Шон, по стапките на својот татко, се испроба во актерството и има неколку помали улоги во филмови. Со Сања од минатата година живеат заедно во Калифорнија, а се ангажирани во истата филмска куќа. Сања, главно, работи како продуцент, но се занимавала и со манекенство.
Холивудската ѕвезда Пирс Бронснан долго ја познава избраничката на Шон и имаат добар однос, како и остатокот од семејството, а ги поврзува и љубовта кон филмот.
Сања на Шон му била поддршка и во најтешките моменти кога минатото лето почина неговата сестра Шарлот, а во периодот кога нивниот татко Пирс во Србија го снимал филмот „Ноемвриски човек“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Летово ја раскина свршувачката: Го препознавате ли овој македонски пејач?
-
Свадбена пролет меѓу познатите: Кој, со кого, каде, кога…
-
Елена до Керол: Знаев дека сте еден за друг, се гледаше по сјајот во очите (ФОТО)
-
Босанка откри како е да се биде втора жена на сопруг Арап: Еве како изгледа нашиот брак