Поранешниот боксерски шампион Мајк Тајсон кажа дека Бред Пит под дејство на дрога го молел да не го тепа, откако боксерот ги фатил со неговата поранешна жена Робин Гивенс.
Тајсон во своите мемоари раскажа како се случил целиот инцидент кој се случил пред 20 години, кога го фатил Бред Пит со неговата поранешна жена.
– Кога ме виде, пребледе. Можеше јасно да се види дека е под дејство на дрога и почна да ме моли да не го удирам – вели поранешниот шампион.
Боксерот беше оженет со Робин само една година 1988. до 1989. година, а потоа таа кратко се забавуваше со Бред, пред тој да ја замени за Џенифер Анистон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


