Во Босна и Херцеговина се работи на исламизација на општеството. Постојат сериозни проекти во БиХ од исламскиот свет да се населат меѓу 300.000 и 500.000 луѓе кои би можеле да ја променат сликата на земјата. Постои точен план и тука би доаѓал најнискиот слој на арапскиот свет, изјави во интервју за „Блиц“ претседателот на Република Српска Милорад Додик.
Тој укажа дека проектот за исламизација на БиХ го предводел Бакир Изетбеговиќ.
– Само Кувајт плаќа 30.000 станови во Сараево, а тоа е 100.000 луѓе, тврди Додик.
Тој додава и дека не го изненадиле изјавите на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган дека „Косово е Турција, а Турција Косово“.
– Во Сараево рече и дека Сараево е Турција, а Турција Сараево. Кога тоа го соопштивме на поранешното раководство на Србија, тие само немо гледаа во нас. Па ние пет години се бориме со политиката на Турција. Еве сега се се разоткрива. Немавме ниту разбирање до неодамна ниту во Србија околу тоа, оценува Додик во интервјуто за „Блиц“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.