Државната комисија за спречување на корупцијата му изрече мерка јавна опомена на Влатко Миташев по констатирање состојба на судир на интереси и непостапување по барањето во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откаже од извршување на функцијата управител на Приватната здравствена установа и член на Советот на Општина Штип.
Антикорупциска поради повреда на член 9 од Законот за спречување судир на интереси, односно истовремено со функцијата член на Совет на општина Штип на која е избран на Локалните избори одржани 2013 година, сеуште ја извршува односно не се откажал од извршување на функцијата управител на Приватната здравствена установа по општа медицина и специјалистичка ординација по оториноларингологија „Д-Р МИТАШЕВ“ Штип.
Со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откаже од извршување на функцијата управител на Приватната здравствена установа со што ќе ја отстрани повредата на член 9 од Законот за спречување судир на интереси, односно состојбата на судир на интереси во која се наоѓа.
– Влатко Миташев не постапи по барањето на Државната комисија, поради што во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси Државната комисија донесе одлука на ова лице да му се изрече мерка јавна опомена. Согласно со член 25 став 2 од Законот за спречување судир на интереси мерката јавна опомена се објавува во средствата за јавно информирање, стои во соопштението од ДКСК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


