Фондацијата „Трајче Мукаетов“ шеста година со ред, традиционално, доделува 42 нови стипендии, и тоа за 20 студенти на Фармацевтскиот факултет и за 22 студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Во согласност со програмската политика за поддршка на млади и амбициозни кадри, кои своите кариери ги посветиле на македонското здравство и фармација, фондацијата доделува и еднократна парична награда на првенците на генерациите на споменатите факултети, во висина од 1.200 евра.
Годинава оваа награда оди во рацете на Сандра Ѓоргова од Медицинскиот факултет и на Емилија Лазова од Фармацевтскиот, на која ни трудничкото стомаче не ѝ спречеше за да го постигне највисокиот просек на факултетот од 9,84.
Фондацијата е основана во чест на Трајче Мукаетов, кој на чело на „Алкалоид“ а.д. Скопје застана во 1985 година, а главно обележје во неговиот мандат е интензивирањето на растот и развојот на компанијата во водечка фармацевтска компанија во регионот.
Повеќе во видето од денешната прес-конференција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)