| четврток, 6 декември 2018 |

Ориѓански од министерката побара парно, таа врати – не сум директор на Топлификација

zlatko-origjanski04-copy

Композиторот Златко Ориѓански разочаран од условите во кои се работи во Драмски театар на фејсбук и се обрати на министерката за култура Елизабета Кончевска-Милевскач тој работи со тимот што ја подготвува претставата „Огнени јазици“ од Горан Стефановски, во режија на Слободан Унковски. Ориѓански е автор на музиката. Tој пиша:

-Почитувана министерке Канчевска-Милевска (како бевте не се сеќавам) ама морам повторно јавно да ви се обратам. Аман имајте милост. Ако не знаете, да дознаете дека во Драмски театар Скопје два месеца се подготвува театарската претстава ‘Огнени јазици’ по текст на Горан Стефановски, во режија на Слободан Унковски. Два месеца глумците работат на студено, без парно. Ноќеска пробата заврши во 2 часот по полноќ. Ве молиме смилувајте се, откажете некој коктел, некое патување, откажете некој шампањ, некоја дебела пастрмка и овозможете им на глумците да се чувствуваат како луѓе кои нешто прават и даваат за оваа земја. Па таман позајмиле некој долар и од Субрата Рој. Но,ако ништо не направите, а планирате да дојдете на премиера, да бидете облечени како за на скијање во Маврово, најмалку…“, напиша Ориѓански, кој е автор на музиката на претставата.

Elizabeta_Kanceska-Mileska

Министерството за култура реагираше:

Со жалење го констатираме елементарното непознавање на Златко Ориѓански во поглед на надлежностите на министерството. Да потсетиме: Министерот за култура не е ниту директор на Топлификација, ниту директор на Драмски театар – Скопје, чија надлежност е да ја менаџира работата на оваа институција. За домашното воспитание и личната култура на Златко Ориѓански манифестирана во јавноста едноставно немаме коментар. На крајот, сакаме да информираме дека Министерството за култура со задоволство ќе присуствува на премиерата „Огнени јазици“, во режија на Слободан Унковски, по текст на Горан Стефановски, а по музика на Златко Ориѓански, бидејќи истата се реализира и финансира благодарение на Годишната програма на Министерството за култура“, пишува во реакцијата од Министерството за култура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top