| четврток, 6 декември 2018 |

Црногорците десеткувани на тест средбите против Македонија

Црногорската репрезентација ќе биде драстично ослабена без неколкумина одлични ракометари на двата тест-натпревари против Македонија што ќе се играат кај нас на први и втори ноември. Доскорашниот стратег на Вардар, Зоран Кастратовиќ, кој го продолжи ангажманот како селектор на Црна Гора, е оптимист и вели дека ќе имаат силен состав за дуелите со Македонија.

– Повеќето ракометари кои ја поразија Германија во јуни ќе играат во Скопје. Проблем за нас е што ќе ни недостасуваат ракометари што имаат големо интернационално искуство и кои играат во силните европски лиги. Дел од нив се откажаа од настапите во репрезентацијата, но оставам простор за нив ако се предомислат – изјави Кастратовиќ.

Против Македонија нема да играат Фахрудин Мелиќ и Петар Каписода кои се откажаа од настапите за Црна Гора, потоа и Рогановиќ, Осмајиќ, Пејовиќ, Ласица, Симовиќ и Мрваљевиќ. Се говори дека поголемиот дел од нив нема да играат ниту на ЕП во Данска во јануари идната година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top