Навивачка на Балтимор нема да може да го бодри својот клуб на мегапопулрниот „Супербол“ бидејќи се здебелила цели 643 грама. Иако 23-годишната Кортни Ленц веќе пет години е членка на навивачките на Балтимор, таа не ќе може да настапи на неделниот „Супербол“ во Њу Орлеанс бидејќи ја надминала дозволената килажа.
– Од мене бараа да бидам тешка под 55 килограми – изјави за американскит весник „САД Денес“ несреќната навивачка. Пријателите на Ленц веќе покренале петиција преку интернет на 23-годишната навивачка да и биде дозволено да настапи на „Супербол“. Засега тие собрале преку 23 илјади потписи.
„Ваквата одлука на тимот на Балтимор е навреда за сликата за здраво тело“, пишуваат пријателите на Ленц во петицијата.
Од клубот тврдат дека тие само ги почитувале високите и строги правила на НФЛ-лигата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Историјата се повторува, кога Њу Ингланд го освојуваат Супербол, тогаш и Челси е шампион
-
Опседнати со првата дама: Меланија под лупа и на забавата за Супербол
-
Спектакуларното шоу од Суперболот кој долго ќе се памети (видео)
-
Најлудиот Супербол во историјата, Њу Ингланд по продолжение славеше над Атланта