| четврток, 6 декември 2018 |

Балотели може да се сели во „Стемфорд бриџ“

Мино Рајола, менаџер на Марио Балотели, изјави дека не очекува неговиот клиент долго да остане на „Сан Сиро“ и додаде дека постои можност Балотели да се пресели на „Стемфорд бриџ“.

– Балотели и Жозе Мурињо повторно би можеле да работат заедно бидејќи добро се познаваат и останаа во добри односи кога им заврши соработката во Интер. Останаа во контакт и меѓусебно се почитуваат – изјави Рајола за италијанските медиуми.

Знам дека потпретседателот на Милан, Адријано Галијани, нема да се согласи, но Марио е одличен фудбалер, а тоа би можел да биде и во Челси, додаде Рајола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top