Најпродаваното возило во светот за 2012 година, „форд фокус“, ја задржа титулата за првата половина на 2013 година.
Дополнително, според анализите на податоците за регистрација на возила на „форд“, „форд фиеста“ се рангира како четврто најпродавано возило – со што „форд“ е единствениот бренд кој има две плакети меѓу топ пет светски најпродавани автомобили.
„Форд фокус“ има пораст за 20% во првата половина на 2013 година во споредба со истиот период минатата година. Во 2013 година се регистрирани 589,709 возила, најмногу од зголемената побарувачка се потрошувачите во Кина и други Азиски земји. Во Кина, „форд фокус“ има пораст од 137% за разлика од 2012 година, со вкупно 202,380 возила, со што Кина станува најголемиот светски автомобилски пазар со една-третина продажба на „форд“ автомобили.
Ксиао Бинг, 31 годишен менаџер за продажба во ИТ компанија во Пекинг, е нов сопственик на „форд фокус“.
– Новиот „фокус“ изгледа модерно и ги задоволува моите естетски очекувања – изјави Бинг.
– Се забележува значителна промена во споредба со претходниот модел. Ракувањето на автомобилот е одлично. Кога имав тест-возење, новиот „фокус“ се покажа одлично во кривините. Севкупно, ова е најдобрата комбинација на изглед, перформанс, вредност и економичност – додава тој.
Потрошувачите од други Азиски земји исто така реагираат со ентузијазам кога станува збор за „форд фокус“. Во септември, извештаите на „форд“ за продажбата на „фокус“ покажуваат раст од 193% во Индонезија, 72% во Виетнам и Филипините и 42% во Тајланд.
„Фиеста“ исто така најпродавана
„Форд фиеста“ му се приклучи на „фокус“ меѓу петте најпродавани возила во светот и заработи врвно место како најпродаван мал автомобил во светот, со 356,434 регистрирани единици за првата половина на 2013 година.
– „Фиеста“ е на одличен пат, а „фокус“ станува се подобар – особено во Кина – изјави Џим Фарли, извршниот потпретседател на „форд“, за светски маркетинг, продажба, сервис и Линколн.
– Ова е “ОNE FORD” стратегијата во најдобро светло: возила кои одлично изгледаат со извонредна економичност, водечки квалитет, напредна технологија и се забавни за возење – додава.
Комбинирано, на светско ниво до сега се регистрирани вкупно 946,143 возила за првите шест месеци од годината, што покажува пораст за 8% на продажбата на „форд фиеста“ и „фокус“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.