| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца загинати, едно момче исчезнато во невремето во Британија (видео)

nevreme_UK_10_2013

Силно невреме зафати делови од британските острови, Франција и Холандија – објави Метеопро . Силното невреме кое рано утринава го зафати овој дел од Европа дојде од правец на Атлански Океан, но се засили во моментите на преоѓање преку островите. Јужна Англија и Велс беа на удар на ветрови кои на моменти достигнуваа брзини и до 160 km/h. Се бележи голем застој во авиосообраќајот, а слична е ситуацијата и во железничкиот и патниот транспорт. Околу 130 лета од и кон аеродромот „Хитроу“ се откажани. Последните информации велат дека 220.000 домови се останати без напојување со електрична енергија во Велика Британија.
Според првичните информации, 17-годишна девојка и средовечен маж загинале од пад на дрво. 14-годишно момче се води како исчезнато откако било повлечено од огромните бранови во морето. Поради лошото време, потрагата по момчето е откажана.
Засега, ова е најголемото невреме кое Британија го памети по 1987 година.

Повеќе на Метеопро

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top