| четврток, 6 декември 2018 |

НБА: Коби останува во Лејкерс

Сопственикот на Лос Анџелес Лејкерс, Џим Бас, ги демантира гласините дека најдоброт играч на неговата екипа, Коби Брајант, ќе го напушти клубот на крајот на годинава

kobi

Би сакал да ставам точка на натамошните шпекулации за заминувањето на Коби на крајот на оваа година – јасен е Бас.

Ние нема да дозволиме Коби да стане слободен агент бидејќи тој е еден од нашите клучни играчи. Брајант е легенда на Лејкерс и тоа ќе остане така. Сѐ уште не сме завршиле со освојувањето титули заедно со Коби, додава Бас во изјавата за американските медиуми.

Менаџерот на „eзерџиите“, Мич Купчак, како и застапникот на Брајант, Роб Пелинка, се во преговори, меѓутоа повредата на кошаркарот значително го забавува процесот.

– Не знам сѐ уште кога ќе завршат нивните разговори, меѓутоа се надевам на договор меѓу Купчак и Пелинка – вели Бас.

Челниците на НБА-тимот од градот на ангелите се решени да му го продолжат договорот на извонредниот играл, дури и ако не се согласи на намалување на платата, пред сѐ затоа што без Коби многу ќе се разводени бизнис-односот на Лејкерс со најголемите спонзори.

Тој игра во овој состав од самиот почеток на својата кариера, четири пати е прогласуван за најкорисен играч и пет пати ја освјуваше најсилната лига на светот.

Она што влева сигурност во редовите на стручниот штаб на Мајк Дантони дека Брајант ќе ја продолжи соработката, е фактот што посакува шести шампионски прстен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top