Би сакал да ставам точка на натамошните шпекулации за заминувањето на Коби на крајот на оваа година – јасен е Бас.
Ние нема да дозволиме Коби да стане слободен агент бидејќи тој е еден од нашите клучни играчи. Брајант е легенда на Лејкерс и тоа ќе остане така. Сѐ уште не сме завршиле со освојувањето титули заедно со Коби, додава Бас во изјавата за американските медиуми.
Менаџерот на „eзерџиите“, Мич Купчак, како и застапникот на Брајант, Роб Пелинка, се во преговори, меѓутоа повредата на кошаркарот значително го забавува процесот.
– Не знам сѐ уште кога ќе завршат нивните разговори, меѓутоа се надевам на договор меѓу Купчак и Пелинка – вели Бас.
Челниците на НБА-тимот од градот на ангелите се решени да му го продолжат договорот на извонредниот играл, дури и ако не се согласи на намалување на платата, пред сѐ затоа што без Коби многу ќе се разводени бизнис-односот на Лејкерс со најголемите спонзори.
Тој игра во овој состав од самиот почеток на својата кариера, четири пати е прогласуван за најкорисен играч и пет пати ја освјуваше најсилната лига на светот.
Она што влева сигурност во редовите на стручниот штаб на Мајк Дантони дека Брајант ќе ја продолжи соработката, е фактот што посакува шести шампионски прстен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.