Стефан Богоев од ЛК Карпош, денеска е избран за нов претседател на социјалдемократската младина. Во денешниот избор учествуваа Методија Илиевски од ЛК Битола, сегашен советник во советот на општината и Кристина Костова од ЛК Штип.
Богоев кој е магистер по економија беше предложен за кандидат од околу 70 проценти од 51 локален клуб на СДММ во Македонија.
Новиот претседател на СДММ е избран со тајно гласање од делегатите на конференцијата. Тој го замени досегашниот претседател на СДММ, Дарко Давитковски кому му завршува вториот мандат.
Богоев најави дека утре ќе го испие првото кафе со неговиот противкандидат за да ги заборават сите разлики.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.