| четврток, 6 декември 2018 |

Нина Мориќ- Татко ми ме злоставуваше

600full-nina-moricНина Мориќ, познатата хрватска манекенка, во интервју за италијанските медиуми откри шокантни делови од својата историја. Заради насилството од татко и често завршувала во болница, а на 12 години имала проблем со самоповредувања, бидејќи за се се окривувала себе си.

-За да побегнам од се, заминав од Хрватска, а тоа остави трага на мене. Цел живот имам проблеми со мажите- додава таа.

Поранешната сопруга на фотографот Фабрици Короне, кој е во затвор заради уценувања на познати Италијанци, откри и други темни страни на своето семејство, на пример дека како двегодишно девојче била киднапирана и затворена во гаража.

Сега манекенката одлучила да напише книга за да го пренесе своето искуство со што би охрабрила, како смета, многу ѓртви на семејно насилство отворено да зборат за тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top