| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал во Харвард, 60 студенти отстранети оти препишувале

Во еден од најпрестижните универзитети во светот, Харвард деновине го тресат скандали пордаи тоа што студентите масовно препишуваат на испити

HarvardРаководството на универзитетот Харвард одлучи привремено да отстрани од процесот на учење 60 студенти, кои се прогласени за виновни за препишување за време на испит пред околу една година, пренесоа странските медиуми.

Препишување при испитување на студентите било откриено и од помошник-професор за време на испитот по предметот “Вовед во работата на Конгресот”. Истрагата опфати вкупно 125 студенти.

Според вработените во Харвард овој  скандал е еден од најголемите во американските академски средини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top