| четврток, 6 декември 2018 |

Американците протестираат против прислушувањето (фото)

h_51058088Пет илјади демонстранти протестираа пред Капитол Хил во Вашингтон против владината програма за контролата на интернет, чиишто големи димензии годинава ги разоткри Едвард Сноуден, поранешниот соработник на Агенцијата за национална безбедност. Демонстрантите носеа транспаренти на кои беше испишано „Доста со масовното шпионирање”, „Му благодариме на Едвард Сноуден” и „Исклучете го Големиот брат”.

h_51058124Протестот го организираше коалицијата позната под називот „Престанете да нѐ гледате”, којашто ја сочинуваат стотици активистички групи и здруженија, вклучително и Американската унија за граѓански слобода, групата којашто е поборник на приватноста Фондација на електронските граници, Окупирај го Волстрит Њујорк и Партијата за граѓански права.

h_51058098Администрацијата на претседателот Барак Обама и многу американски законодавци по аферата за програмата Призма ги бранеа програмите на NSA како клучни во одбраната на американската национална безбедност, тврдејќи дека придонеле за спречување на заговори. Покрај тоа тврдеа дека Конгресот и судовите внимателно ги надгледуваат програмите.h_51058093

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top