Реформи на инспексциските служби и во делот на казнената политика, најави вицепремиерот за економски прашања Владимир пешевски, во тек на денешната посета на Радовиш.
Пешевски оствари средба со вработените од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопнаство и со претставници од пазараната и трудовата инспекција.
– Целта е од прва рака да се запознаам со спроведувањето на владините политики и со проблемите со кои реално се соочуваат инспекторите и оние кои работат во овие државни органи, а со цел да попомогне на граѓаните полесно да ги добиваат услугите од државата, рече Пешевски.
Тој истакна дека вработените во овие инспекциски служби и државни институции можат да бидат подобро технички опремени и кадровски подготвени.
– Има забелешки во однос на тоа, но и забелешки за висината на казните, што се пропишани со определени закони. Имаме разбирање за тие забелешки, токму во таа насока ќе бидат и реформите кои се предвидуваат во законот за инспекциски надзор, со кои малку поголеми ингеренции им се даваат на инспекторатите. Но и понатаму би следело и ревизија во делот на казните, но сепак мораме да бидиме свесни дека како држава треба да помине низ фазата во градење и почитување на институциите, иако во текот на изминатите години имаше казни кои беа релативно високи, наведе Пешевски.
Очекувам, додаде, дека како што дисциплината се зголемува и во Владата ќе има расположение еден дел од овие казни да се намалат, исто како што пред неколку години имаше еден проект, што тогаш го нарековме унапредување на казнената политика, кога за голем број прекршоци воведовме мерка укажување со едукација и едноставно ако се направи корегирање во грешката на која што ја прави одреден правен субјект да не постои никаква казна.
– Системот постојано треба да се гради и никогаш не може да се дојде до идеално решение но, тоа треба да биде тенденција и само низ дирекни средби како што се овие на теренот може да се дојде до конкретни решенија, рече Пешевски.
Тој имаше средба и со градоначалникот на Општина Радовиш, Сашко Николов и претставници на Советот на Општина Радовиш.
Според Николов, подршката на Владата преку проектите што ги реализира е голема, бидејќи се изградени многу локални патишта, спортски терени, а денеска е потпишан и договор со Агенцијата за подршка на земјоделство, од кои Општина Радовиш добива грант во висина од 15 милиони денари.
Во рамки на посетата на Општина Македонска Каменица вицепремиерот, Пешевски оствари средби со градоначалникот Дарко Митевски и со претставници на подрачни единици на УЈП, Трудовата инспекција и Агенцијата за вработување на РМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.