| четврток, 6 декември 2018 |

Крвава драма во Сарај: До смрт го избодел брата си

noz krv

29 годишен жител на скопкси Сарај починал откако по кратка расправија неговиот 37 годишен брат му нанел неколку убоди со нож.

Крвавата драма се  случила попладнево околу 14 часот во дворот на семејната куќа. По расправијата 37 годишниот Башким 3-4 пати го прободел својот брат Сабедин со нож во пределот на градите. Со тешки повреди тој бил префрлен во болница но лекарите не успеале да му го спасат животот.

МВР јави дека го привеле убиецот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top