Во однос на написот на весникот Вест со наслов “Нови размислувања во ВМРО-ДПМНЕ- Предвремени избори во 2014, заедно со претседателските”, а преснени и од други медиуми, ВМРО-ДПМНЕ како посочена политичка партија, која претходно не беше консултирана на оваа тема го истакнува следното:
Единствено политичка криза има во СДСМ, а самите написи се ефтин и прозирен обид на блиските до нив преставници во медиуми, да им помогнат, за што во суштина гледајќи ја состојбата во која СДСМ се наоѓа ние немаме против, и ги подржуваме нивните напори.
Бидејки СДСМ се заглавени со блеферските тврди позиции на Црвенковски за неизлегување на локалните избори, а на многу нивни членови, луѓе во раководството, и блиски до партијата новинари и уредници тоа не им се допаѓа, на самиот напис гледаме како барање начин да смисли алиби за Црвенковски кој се повеќе се вплеткува во сопствената мрежа. Сега му е потребно уште едно алиби да ја смени одлуката.
ВМРО-ДПМНЕ на сите засегнати членови и подржувачи на СДСМ им порачува дека не треба да се мачат околу оваа тема, бидејќи Црвенковски нема образ и не држи до принципите и зборовите, и оттука со или без нивните напори повеќе од јасно е дека тој ќе го направи тоа за што Бранко Црвенковски ќе оцени дека е негов личен интерес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)


