| четврток, 6 декември 2018 |

Видео: СДСМ бара расправа за разрешување на Трајко Вељаноски

СДСМ има деловничко право да поднесе предлог-одлука за разрешување на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, и бара да се постапи според деловничкото право што го има опозицијата, изјави денеска Оливер Спасовски, пратеник и генерален секретар на партијата.

Пратеничката група на СДСМ очекува, доколку одлуката биде изгласана и ставена на дневен ред, Вељановски да не ја води седницата, туку потпретседателката од ДУИ, Сузана Салиу.
– Сигурни сме дека потпретседателот од редовите на опозицијата нема да ја води седницата. Најдобро е да ја води Сузана Салиу – изјави генералниот секретар на СДСМ.
Опозициската партија поднела предлог-одлука, а не предлог за интерпелација бидејќи, според него, нема потреба да се утврди одговорноста на претседателот на Собранието.
– Ние немаме потреба за утврдување причини. Беше докажано и потпишано дека е прекршен законот и Уставот во моментот кога нареди исфрлање на новинарите и пратениците од Собранието. Исто така, и низа други примери – изјави Спасовски посочувајќи дека оваа точка мора да биде ставена на дневен ред.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top