Претседателот на македонската влада, Никола Груевски, на отворањето на новата градинка во населеното место Колонија пред присутните истакна дека речиси сите македонски херои растеле и живееле во многудетни семејства.
– Денес имаме своја држава, имаме слобода и демократија, мир и безбедност, но за волја на вистината, како и други европски земји се соочуваме со незапирлив пад на наталитетот и намалување на бројот на новороденчиња. Во последните педесетина години бројот на новородени деца во Македонија е за двапати намален и тоа е голем загрижувачки податок – рече премиерот Никола Груевски.
Премиерот истакна дека во Гази Баба повеќе од 30 години не била изградена градинка, а сега во новиот објект ќе бидат згрижени 80 дечиња.
– Сепак, сите ние живееме и создаваме за нашите потомци, така го потврдуваме нашето постоење. Тоа е најсигурна инвестиција во иднината – рече Диме Спасов, министерот за труд и социјална политика.
Инаку, се работи за инвестиција од 28 милиони денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Доаѓа Другаризација! – акција да се намали врсничкото насилство
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
Богатите земји пријавуваат намалување наталитет, сиромашните пак имаат бејби-бум