| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Сите македонски херои се родени во многудетни семејства

Во последните 50 - тина години бројот на новородени деца во Македонија е за два пати намален, додаде премиерот

gruevski_

Претседателот на македонската влада, Никола Груевски, на отворањето на новата градинка во населеното место Колонија пред присутните истакна дека речиси сите македонски херои растеле и живееле во многудетни семејства.

– Денес имаме своја држава, имаме слобода и демократија, мир и безбедност, но за волја на вистината, како и други европски земји се соочуваме со незапирлив пад на наталитетот и намалување на бројот на новороденчиња. Во последните педесетина години бројот на новородени деца во Македонија е за двапати намален и тоа е голем загрижувачки податок – рече премиерот Никола Груевски.

Премиерот истакна дека во Гази Баба повеќе од 30 години не била изградена градинка, а сега во новиот објект ќе бидат згрижени 80 дечиња.

– Сепак, сите ние живееме и создаваме за нашите потомци, така го потврдуваме нашето постоење. Тоа е најсигурна инвестиција во иднината – рече Диме Спасов, министерот за труд и социјална политика.

Инаку, се работи за инвестиција од 28 милиони денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top