Римскиот фудбалски клуб Лацио, ќе може делумно да ги пополни трибините за престојниот натпревар во Лига Европа, против кипарскиот тим Аполон, откако УЕФА им ја ублажи казната на Италијанците.
Предходно, на екипата од Рим поради расистички испади на последниот натпревар против Легија од Варшава во Лигата на Европа и беше изречена казна од еден натпревар на домашен терен без публика, но веќе денес, апелационата комисија се реши да ја намали казната и за наредниот натпревар на Лацио во ЛЕ против Аполон од Кипар, да ја затвори само северната трибина.
Лацио мината сезона неколку пати беше казниван поради расистичките испади на своите навивачи, односно како резултат на честите нацистички поздрави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.