| четврток, 6 декември 2018 |

Маљковиќ си замина, Словенија остана без селектор

Божидар Маљковиќ си замина, а кошаркарската репрезентација на Словенија остана без селектор. Потврда стигна и од директорот на националниот тим, Матеј Аванзо.

– Маљковиќ си замина, а ние сме му благодарни за сѐ што стори за словенечката кошарка. До крајот на годинава, а најдоцна до почетокот на 2014 година, ќе именуваме нов селектор – изјави Аванзо.

Маљковиќ ја предводеше Словенија од клупата на последните две европски првенства. Во Литванија беше освоено седмото место, а неодамна како домаќини Словенците завршија како петтопласирани, со што автоматски обебзедија пласман на следното Светско првенство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top