| четврток, 6 декември 2018 |

Се ожени поранешниот кошаркар Тане Димовски

За неговиот предлог за брак на скопскиот плоштад, дозна цела Македонија. За потсетување, Тане ја побара за жена својата девојка пристигнувајќи на плоштадот „Македонија“ на пајтон.

Свадбата меѓу поранешниот кошаркар, сега главен за односи со јавноста во Агенцијата за млади и спорт и Даниела Паунова, која во моментот работи во Собранието, се одржала во септември оваа година.

Младоженците ги кажале своите завети во црквата „Св. Пантелејмон“, а на свадбата настапиле неколку познати македонски пејачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top