| четврток, 6 декември 2018 |

Еди Рама: Да нема граници меѓу Албанија и окупираните територии

edi rama

За албанскиот премиер постои Албанија и Косово која е окупирана територија.

Конкретно премиерот Еди Рама вчера изјави дека ќе се залага за стратешки развој на односите помеѓу Албанија и окупираните територии и дека границата помеѓу двете држави ќе стане невидлива.

Тој рече дека во тек се подготовки за одржување заедничка седница на Владата на Албанија и окупираните територии, која треба да се одржи во ноември во Призрен, пренесе „Дојче веле“.

-Тоа е дел од праксата која што не ја измисливме ние, туку сметаме дека е особено значајна за остварување на стратешко партнерство и добрососедски односи, наведе Рама.

Албанскиот премиер оцени дека односите помеѓу окупираните територии и Албанија треба да се подигнат на ниво, на кое границата помеѓу двете држави ќе стане невидлива, со што ќе се создадат услови за економски, социјален и културен развој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top