
Македонија има 447.000 емигранти, кои годишно дома праќаат околу 400 милиони долари, се вели во последниот извештај на Светската банка, објавен денеска.
Оваа бројка е значително помала во однсон на таа што ја споменуваа повеќе институции , а тоа е дека иселениците праќаат по околу една милијарда долари годишно.
Земјите во развој се покажуваат како најдобар извозник на работна сила. Впрочем, капиталот што го добиваат од нивните мигранти за овие земји преставува поголема работа од која било странска помош што ја добиваат во текот на една година. Впрочем и кај нас е слично. Засега можеме само да сонуваме дека годишно ќе имаме инвестиции кои ќе бидат макар и приближни на тие што иселениците ги праќаат дома.
Извештајот на Светската банка покажува дека мигрантите во земјите во развој оваа година ќе пратат 414 милијарди долари и оваа бројка со 2016 година ќе надмине 500 милијарди. Како што кажавме овој износ е поголем од парите што овие земји ги добиваат во форма на донации или помош. ОН регистрира вкупно 126 милијарди долари помош, што е четири пати помалку од трансферите што стигнуваат. Според дефиницијата на светската банка и нашата земја влегува во оваа бројка, иако во извештајот не се обрнува внимание за секоја земја посебно.
Косово 18 проценти од БДП добива на оваа основа, додека Таџикистан е најзависна земја со 47 проценти од БДП. Либерија, Непал, Молдавија се, исто така, дел од земјите што се најзависни од ваквите типови трансфери. Што би се рекло, овие земји, буквално, живеат од своите иселеници.
Според овој извештај, запишано е дека Македонија има 447.000 емигранти ,кои праќаат околу 400 милиони долари.
Индија со 71 милијарда долари и Кина со 60 милијарди долари се двете земји што примаат најмногу пари по оваа основа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


