| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска нова рунда преговори за името

nimicВо Њујорк почнува нова, дводневната рунда разговори за името. Предвидено е денеска да се оддржат одделни средби на медијаторот Метју Нимиц со амбасадорот Зоран Јолевски и грчкиот дипломат Адамантиос Василакис. За утре наутро е предвидена заедничка средба во седиштето на Обединетите нации, како и прес-конференција на која ќе се претстават резултатите од разговорите.

Средбата се одржува по новата, петта по ред позитивна препорака на Европската Комисија за отворање на преговори за членство на Македонија во ЕУ, а пред самитот на Европскиот самит во декември и на НАТО кој ќе се одржи во Британија следната година, при што Македонија очекува напредок во своите интеграции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top