Осумчленото тетовското семејство кое јадело отровни печурки сеуште се бори за живот на Токсикологија, објави „Сител“. Благо подобрување има кај тројца пациенти, но 5-мина сеуште се во тешка здравствена состојба на одделот за интензивна нега. Во нивното лекување се вклучија и странски болници. Неколку европски земји уште вчера испратиле противотровна терапија. За масовното труење клиниката ги исвестила сите земји членки на европскиот токсиколошки центар.
-Таа терапија е многу скапа и ние моментално ја немавме на клиниката, веднаш ни испратија донации од Словенија,Хрватска, Норвешка, денеска очекуваме исто така поголема количина од Шведска. Се јавуваат колеги од Германија, Франција, Естонија.
Клиниката за Токсикологија добила совети и од еден од најдобрите познавачи на печурките во светот токсикологот Тед Мичел од Калифорнискиот универзитет.
Под надзор на лекарите е и 5-месечното бебе кое кое е на Клиниката за токсикологија. Бебето било затруено преку мајчиното млеко. Семејството мислело дека јаде шампињони, а всушност во неделата јаделе една од најотровните печурки Аманита вироса. Печурките од Шар Планина им ги донел роднина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Обид за убиство во Тетово
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките
-
Пред сендвичарница во Тетово го прободел со нож: Момчето е итно пренесено во Скопје
-
Зошто некој сакаше успешна акција на специјалците во МВР да остане незабележана?


