ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честита празникот 23 Октомври- Денот на македонската револуционерната борба.
– Овој светол ден е темелот на кој што започна да се гради идејата за слободна и самостојна македонска држава. Заветот кој беше даден пред 120 години живееше и ги водеше Македонците низ сите премрежија низ кои поминуваше нашата татковина. Револуционерниот идеал беше водилката низ Илинденската епопеја од 1903, национално ослободителната партизанската борба која се круниса со АСНОМ и конечно 8 Септември кога се оствари сонот на Дамјан Груев, Христо Татарчев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџиниколов, Андон Димитров и Христо Батанџиев – се вели во честитката.
Понатаму се додава дека идејата е иста и во 1893 година и во 1903 година и во 1944 година и 1991 година. Идејата е слобода за Македонија.
– За овој идеал се бореа и жртвуваа илјадници храбри синови на Македонија и затоа денес се поклонуваме пред нивниот самопрегор. Ние како генерација имаме должност и аманет да продолжиме да ја чуваме, да се бориме и да работиме за оваа идеја – се вели во честитката од ВМРО-ДПМНЕ до граѓаните по повод 23 Октомври- Денот на македонската револуционерната борба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)