| четврток, 6 декември 2018 |

Два жолти картони за 20 секунди, исклучување во шеста минута, рекорд во Лигата на шампионите (видео)

Хектор Херера од Порто е сопственик на неславниот рекорд во Лигата на шампионите по експресното исклучување на вчерашниот меч против Зенит во шестата минута. За само 20 секунди одбранбениот играч на „змаевите“ доби два жолти картони и мораше да замине од теренот. Најпрво Херера направи фаул за жолт картон над Хулк, а потоа прерарано истрча од живиот ѕид и доби втор жолт картон, што автоматски повлекува исклучување.

Во продолжението Порто играше со десетмина фудбалери и не издржа докрај, а Кержаков ги казни со гол за победа на Зенит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top