Кој е човекот што најмногу му помогна на Игор Џамбазов кога одлучи да се откаже од коцката и алкохолот и да води нормален живот?! Одговорот на ова прашање Џамбазов го открива во новата епизода од шоуто „Еден на еден“ со Жарко Димитриоски. Името на тој познат Македонец, кој во најтешките моменти од неговиот живот му дал работа и место за спиење, ги изненади присутните на снимањето на емисијата, меѓу кои беше и екипата на Република.
Неговото ексклузивно интервју ќе се прикажува на 27 октомври од 19.40 часот на телевизија „Алфа“. Тоа е и најава за големото мултимедијално шоу по повод 50. роденден на Игор, како и одбележување јубилејни 40 години телевизиска кариера, 30 години од првата професионална театарска улога и 20 години од неговиот прв албум, кое ќе се одржи на 1 ноември (петок) во спортскиот комплекс „Борис Трајковски“.
Гостин во втората епизода на „Еден на еден“ е Душан Петковски – македонски магионичар, експерт за меморирање и менталист.
Во првата, премиерна епизода од петтата сезона на шоуто на Жарко Димитриоски, пак, имавме можност да ги видиме славниот гитарист Влатко Стефановски, кој говореше за подготовките на неговиот нов албум, и режисерот на новиот македонски филм „Балканот не е мртов“, Александар Поповски.
Доколку ја пропуштивте првата емисија, можете да ја погледнете во следново видео:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.