| четврток, 6 декември 2018 |

Кој му помогна на Игор Џамбазов? (видео)

Кој е човекот што најмногу му помогна на Игор Џамбазов кога одлучи да се откаже од коцката и алкохолот и да води нормален живот?! Одговорот на ова прашање Џамбазов го открива во но­ва­та епи­зо­да од шо­у­то „Еден на еден“ со Жар­ко Ди­ми­трио­ски. Име­то на тој поз­нат Ма­ке­до­нец, кој во нај­те­шки­те мо­мен­ти од не­го­ви­от жи­вот му дал ра­бо­та и ме­сто за спи­е­ње, ги из­не­на­ди при­сут­ни­те на сни­ма­ње­то на еми­си­ја­та, меѓу кои беше и екипата на Република.

Не­го­во­то екск­лу­зив­но ин­терв­ју ќе се при­ка­жу­ва на 27 октом­ври од 19.40 ча­сот на те­ле­ви­зи­ја „Ал­фа“. Тоа е и нај­а­ва за го­ле­мо­то мул­ти­ме­ди­јал­но шоу по по­вод 50. ро­ден­ден на Игор, ка­ко и од­бе­ле­жу­ва­ње ју­би­леј­ни 40 го­ди­ни те­ле­ви­зи­ска ка­ри­е­ра, 30 го­ди­ни од пр­ва­та про­фе­си­о­нал­на те­а­тар­ска уло­га и 20 го­ди­ни од не­го­ви­от прв ал­бум, кое ќе се одр­жи на 1 но­ем­ври (пе­ток) во спорт­ски­от комп­лекс „Бо­рис Трај­ков­ски“.

Го­стин во вто­ра­та епи­зо­да на „Еден на еден“ е Ду­шан Пе­тков­ски – ма­ке­дон­ски ма­ги­о­ни­чар, екс­перт за ме­мо­ри­ра­ње и мен­та­лист.

Во пр­ва­та, пре­ми­ер­на епи­зо­да од пет­та­та се­зо­на на шо­у­то на Жар­ко Ди­ми­три­о­ски, пак, имав­ме мож­ност да ги ви­ди­ме слав­ни­от ги­та­рист Вла­тко Сте­фа­нов­ски, кој го­во­ре­ше за под­го­то­вки­те на не­го­ви­от нов ал­бум, и ре­жи­се­рот на но­ви­от ма­ке­дон­ски филм „Бал­ка­нот не е мр­тов“, Але­ксан­дар По­пов­ски.

Доколку ја пропуштивте првата емисија, можете да ја погледнете во следново видео:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top