| четврток, 6 декември 2018 |

Сестрите на Јованка Броз ќе го наследат имотот на Тито

jovankabroz_arhiva_625
Јованка Броз не го доживеа исходот од тридецениската оставинска расправа за да може нај крајот да добие нешто од имотот на Јосип Броз Тито. Постапката ќе продолжи по нејзината смрт, а правни следбеници се нејзините родени сестри Нада и Зора.
Како што вели за „Блиц“, Бојан Павловиќ Шариќ, роднина и правен застапник на Јованка Броз, оставинската расправа во врска со имотот на Тито нема да биде прекината.
„Нејзините наследнички се нејзините родени сестри Нада и Зора. Ќе бидат доставени докази за сродство така што нема причина постапката да биде прекината“, рекол тој.
Јованка Броз досега поднесуваше неколку поднесоци во судот со список на својот личен имот, меѓу кои, освен накит, има скулптури, слики, вазни, теписи, книги, пет автомобили од гаражите на Белиот двор и две возила од гаражите на Бриони во Хрватска.
Најголем дел од тие работи биле всушност нејзини и на Тито, стекнати во брачна заедница, и тие најчесто се наоѓале во белградската резиденција од која Јованка беше исфрлена два месеци по неговата смрт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top