| четврток, 6 декември 2018 |

Билјана Цветановска-Гугоска нов државен секретар во локална самоуправа

Biljana500

Билјана Цветановска-Гугоска e нов државен секретар во Министерството за локална самоуправа. Владата на Република Македонија ја именуваше Цветановска-Гугоска која целокупната досегашна кариера ја гради работејќи на материја од областа на локалната самоуправа и регионалниот развој.

На новото раководно место доаѓа од Бирото за регионален развој. Претходно работела и во Генералниот конзулат на Република Македонија во Венеција, каде што дошла по работниот ангажман во Институт за Централно – Источна Европа и Балкан, во Форли, Италија. Во рамките на сите овие работни ангажмани работи на проблематика од областа на имплементирањето на политиката за регионален развој, мониторинг и евалуација на проекти од планските региони, оценување на проекти за регионален развој, подготовка на оперативни плански документи и извештаи за регионален развој.

Цветановска- Гугоска е и докторант од областа на регионалниот економски развој на Економски Факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Магистрира на Болоњскиот Универзитет, каде што се стекнува со звањето магистер на науки по стратегиски менаџмент за одржлив територијален развој  и социјалната политика.

Билјана Цветановска-Гугоска беше именувана како резултат на нејзината апликација на јавниот повик за ангажман на раководни функции. Низ процесот на селекција и интервјуа покажува високи стручност и знаења од областа на проблематиката на локалната самоуправа и регионалниот развој.

Говори англиски, италијански и шпански јазик. Од Владата ја потврдија нашата информација.

-Цветановска-Гугоска и образовно и професионално кариерно функционира и работи на материја од ова поле, во рамките на интервјуата покажа многу позитивни резултати и покажа висок степен на стручност. Владата очекува да придонесе значително во реализација на политиката во оваа сфера и спроведувањето на проектите од интерес за граѓаните. Ова е и доказ за успешноста на промовираниот концепт за полна отвореност и давање на шанси и можности за стручните и способни лица да се вклучат во раководните процеси, изјави Александар Ѓорѓиев, портпарол на Владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top