Дури 72 отсто од граѓаните одговориле дека локалната самоуправа не презема никакви мерки за справување со загадувањето, во анкета спроведена минатата недела од веб-порталот www.skopjeinfo.mk.
Истражувањето има за цел да ја открие и детектира перцепцијата и очекувања на граѓаните од новата локалната самоуправа, како и да направи анализа за тоа како граѓаните гледаат на одредени локални прашања.
Од вкупниот број испитаници, 26 проценти одговориле дека општината презема мали мерки, а само 2% сметаат дека општината презема задоволителни мерки за справување со загадувањето.
Понатаму, на прашањето „Што треба да биде приоритет на локалната самоуправа?“ најголемиот дел од граѓаните сметаат дека животната средина треба да биде најважен приоритет, понатаму на скалата е инфраструктурата, безбедноста, образованието, здравството…
Истражувањето се реализираше во периодот од 25 до 30.11.2017 година, а во него беа опфатени 1000 испитинаци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.