| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Стравот од граѓаните е главниот виновник за кукавичкиот однос на СДС

Talat Xhaferi, left, the new parliament speaker, talks with Zoran Zaev, the leader of the Social Democrats, after being elected in the parliament building in Skopje, Macedonia, Thursday, April 27, 2017. Scores of protesters have broken through a police cordon and entered Macedonian parliament to protest the election of a new speaker despite a months-long deadlock in talks to form a new government. (AP Photo/Boris Grdanoski)

Talat Xhaferi, left, the new parliament speaker, talks with Zoran Zaev, the leader of the Social Democrats, after being elected in the parliament building in Skopje, Macedonia, Thursday, April 27, 2017. Scores of protesters have broken through a police cordon and entered Macedonian parliament to protest the election of a new speaker despite a months-long deadlock in talks to form a new government. (AP Photo/Boris Grdanoski)

 

За деблокирање на локалната самоуправа можно е седницата за измените на Изборниот законик да се одржи и пред изборот на новата влада или двете седници да течат паралелно, најави вчера новиот мандатар Зоран Заев. Тој потврди дека има договор меѓу парламентарните партии локалните избори да се одржат на 15 октомври.

– Договорено е меѓу сите партии, се надевам дека тоа ќе биде конечно кога ќе се процесира, со формирањето на двете неопходни комисии законодавно-правната и комисијата за политички систем, за да може по брза постапка да се пушти законот за изборите, а верувам дека ако има потреба, и Законот за локалната самоуправа, за во најбрз можен рок да се променат овие закони и да се дефинира датумот 15 октомври како датум за избори, а во Изборниот законик тоа да биде прва половина од октомври – рече Заев.

Според него, можно е Собранието да ги гласа измените на Изборниот законик пред изборот на новата влада.

– За мене не постои проблем и пред новата влада тоа да се изгласа во Собранието, затоа што верувам, ако се усогласат сите работи, не треба да ги условуваме една со друга, да ги пуштиме процесите да течат, оти, еве, денеска е втор ден откако градоначалниците и Советите се без законска надлежност. Секако, тие ги извршуваат функциите додека не дојдат нови градоначалници и советници – смета Заев.

Талат Џафери и вчера повтори дека седницата за измени на Законот за локалните избори може да тече паралелно со таа за избор на новата влада ако до него бидат доставени материјалите. Тој потврди дека сè уште не се формирани пратеничките групи и оти партиите сè уште не испратиле дописи за групирање на пратениците.

На новинарското прашање дали контактира со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и каков е исходот од таквата комуникација, Џафери одговори дека е претседател на сите пратеници.

– Сите мостови не сум ги срушил пред себе, сум оставил можност и пред себе да имам мост и зад себе да имам мост, за да можам да комуницирам со сите што треба да се комуницира. Јас сум претседател на Собранието и не можам да се однесувам како личност, како што смета некој – изјави Џафери.

И додека Џафери чека пратениците да го известат за формирање на парламентарните групи и за составот на комисиите што се неопходни за измени на Изборниот законик, „Дневник“ веќе објави дека ВМРО-ДПМНЕ своите предлози за состав на комисиите ќе ги достави до комисијата за избори и именувања, бидејќи Џафери не го признаваат за претседател на Собранието.

И покрај најавите на Заев и Џафери за паралелни седници и оти е можно прво да се свика седницата за локалните избори, сепак, неизвесно е дали ќе дојде до тоа бидејќи прво Џафери ќе треба да најде начин да ја продолжи конститутивната седница, која ја затвори претседавачот Трајко Вељановски, за да се избере Комисијата за избори и именувања.

Од ВМРО-ДПМНЕ и вчера порачаа СДСМ во најбрз можен рок со парламентарното мнозинство да овозможи одржување на локалните избори, кои се неопходни.

СДС наместо да ја замајува јавноста, треба да овозможи непречено функционирање на единиците на локалната самоуправа до одржувањето на локалните избори, кои не смеат да трпат одложувања. СДС треба да го надмине стравот и да покаже барем малку доблест и да се соочи со граѓаните на избори. Ниту Никола Груевски ниту ВМРО-ДПМНЕ е виновна затоа што СДС го пролонгира одржувањето на локалните избори. Стравот во редовите на СДС од соочување со граѓаните, кои ги разгневија со своите антидржавни политики, е главниот виновник за кукавичкиот однос на СДС.

Добивањето мандат на ников начин не е поврзано со правото на граѓаните да имаат функционална локална самоуправа – велат од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Извор: Дневник

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top